ДС: Не треба да има дилеми за почнување на преговорите, земјата ги исполни сите критериуми
Демократскиот сојуз е убеден дека Македонија ќе ги започне преговорите за интеграција во Европската Унија.
Во Македонија постои и граѓански и политички консензус за прифаќање на европските вредности и стандарди и побрзо полноправно членство во Европската Унија.
Препораката на Парламент и Комисија на ЕУ, за започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ, се гаранција дека Советот на ЕУ ќе донесе одлука за набрзо започнување на преговорите и целокупниот процес ќе се одвива со забрзано темпо.
Македонија ги исполнува сите критериуми за отворања на поглавјата клучни за реформи и нивна имплементација, посебно поглавјата сврзани со владеење на правото и борба против корупција.
Во сите препораки од ЕУ се инсистираше да се надмине спорот со Грција, што беше и направено, со големи компромиси и отстапки и промена на Уставното име на државата Република Македонија.
Затоа не треба да има дилеми за почнување на преговорите, ниту пак со блокада на евроинтеграциските процеси на Македонија, ќе се разрешат проблемите во рамките на ЕУ, ниту пак ќе се порази екстремната десница во земјите членки на ЕУ.
Македонија зазема стратешка позиција на Балканот и нејзината интеграција во ЕУ ќе биде стабилизирачки фактор на Балканот и пошироко.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот