ДС: Гоце Делчев е македонски револуционер
Демократскиот сојуз смета дека дилемите околу националната припадност на Гоце Делчев и други македонски револуционери, херои и борци за слободна Македонија, се обид да се сосечат корените на македонскиот народ и значат ревидирање на историските факти и случувања.
Гоце Делчев е македонец кој се борел и загинал за автономна и слободна Македонија. Гоце Делчев е симбол за македонец-револуционер кој е опеан во македонските песни и со него се поистоветуваат генерации наназат и тоа ќе го прават и идните генерации.
Немаме ништо против да го слави Бугарија и нивните политички водства, но да се трвди дека тој е бугарин кој се борел за автономна Македонија и Македонска држава е хипокризија и театар на апсурдот.
Во 19-от век и првата половина од 20-от век можел ли некој во Бугарија да биде војник, учител или службеник ако не потпише изјава дека по националност е бугарин, како и сега, може ли македонец да добие бугарски пасош ако не попише изјава за дека има бугарски корени.
Демократскиот сојуз апелира да не се прават компромиси на штета на нашите национални интереси или да не се прифаќаат условувања и диктати поради некакви “пошироки цели и интереси”.
Ново на Сител
-
Царовска: Никаде не пишува дека македонската историја нема да се изучува
-
СП Ракомет: Победи на Аргентина и Полска
-
Почина легендарната спикерка Бранка Станковска на 90-годишна возраст
-
Маричиќ: Законот за попис е донесен – попис во април ќе има
-
Бројот на излекувани од Ковид-19 во светот надмина 70 милиони
-
Апасиев: По Уставот сум должен да не ги примам попишувачите дома во време на пандемија
-
Заев – Дуџак: ОН ја продолжуваат поддршката на нашата држава
-
Приведени криминалци барани со потерница, за затворска казна до 12 години