Бизнис
14. July 2021 - 16:52

Државните ревизори утврдиле огромни трошења на државни пари без тендер во пандемија, недостигаат средства и од донациите

Заштитни мантили и за 20, но и за 2000 денари по парче без ДДВ. Државниот завод за ревизија ги објави како во услови на пандемија се трошеле буџетските пари без тендер. Во перидот на првиот бран на короната, се купувале заштитни маски и за 16 но и за 100 денари по парче. Тестовите за ковид во период кога на приватно чинеа по 3900 денари, државните институции ги набавувале по цена од 440 до 3100 денари парче.

Ревизорите забележуваат дека дури 88% од набавките кои се склучени во услови на пандемија се без тендер. Вака се купувало заради итноста, но ДЗР не утврдил јасни критериуми за итноста. Воедно, ваквото преговарање доведува до нереални цени и влијае на рационално користење на парите.

Министерот Филипче пак вели дека иако се согласува со наодите на ревзорите, но услови на пандемија не постоел друг начин за снабдување со опрема на здравствените установи.

Ревизорите констатирале неправилности и при распределба на помошта што земјава ја добиваше од странство. Пример, при пребројување на медицинската опрема добиена од Катар констатирано било дека фалат околу 24.000 трослојни маски, 6500 Н95 маски, 1000 ракавици, 280 скафандер, 24.000 хируршки манитил. ДЗР препорачува ЈЗУ да усогласат пишани процедури, насоки и протоколи за прием на донации за да не се случуваа опремата да фали.

Без тендер лани од март до октмври биле потрошени близу 7 милиони евра, најмногу вакви договори има во МВР, остаатите се главно здраветсвеи установи. Во период од март во ноември државава добила донации во вредност од околу милион и пол евра.