Државниот архив одбележува 75 години од основањето

Државниот архив на Република Македонија денеска одбележува 75 години од основањето.
На свеченоста што ќе се одржи во Порта Македонија, како што информираат од Државниот архив, ќе има обраќања и доделување благодарници на неговите верни поддржувачи и пријатели.
- Овој јубилеј е момент да се потсетиме на значењето на Архивот како чувар на културната меморија и историското наследство, но и како институција што гради мостови кон иднината, се наведува во соопштението.
Директорот на институцијата, Димитар Богески неодамна во интервју за МИА истакна дека Државниот архив е столб на македонското битие, дека голем предизвик е да се зачуваме и заштитиме целото архивско наследство, а најстариот документ којшто го поседува Архивот е Евангелието на Лука кое потекнува од 12-от век и е најден е во фондот на охридското семејство Робеви.
Богески информира дека по повод јубилејот ќе организираат изложби, промоции на книги, промоции на документи, со цел да се афирмираат документите што ги чува Архивот, односно, како што нагласи, да се афирмира целата општествена, историска и културна дејност во Македонија.
- Државниот архив на Македонија прославува 75 години од неговото основање во далечната 1951 година со указ на тогашната Влада. Тоа претставува значаен момент за институцијата и за државата, можност да се потсетиме за патот на неговиот развој и за генерации луѓе кои придонеле за развој на архивската дејност, на архивската документација и генерации кои ја издигнале оваа институција, изјави Богески за МИА.
Директорот на Архивот во интервјуто за МИА истакна и и дека оваа институција се соочува со предизвици, како што се просторните услови, дигитализацијата...
- Како еден од предизвиците првенствено ни се просторните услови, односно создавање услови за нови депоа. Предизвик ни се и современите методи на конзервација и реставрација, односно конзервирање на архивскиот материјал, неговите оштетувања, поправање и реставрирање - враќање на тие документи во првобитна положба. И како последна фаза од овие предизвици е дигитализацијата, што претставува можеби и еден од најбитните елементи во овие предизвици, бидејќи на тој начин преку дигитализација на документите односно на архивското наследство или граѓа која што претставува културно наследство од прва категорија, ние всушност правиме и заштитување на архивскиот материјал, но правиме да биде подостапен за научно-истражувачките цели, посочи тој.
МИА
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
