Државната награда „11 Октомври“ доделена на Коцарев, Мирчевски и Дурацоски

Во Собранието денеска е доделена државната награда „11 Октомври“ за 2019 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на државава.
Наградата за животно дело во областа на науката е доделена на академик Љупчо Коцарев, додека во областа на културата и уметноста на актерот Петар Мирчевски и писателот и ликовен уметник, Димитри Дурацоски.
Согласно со член 4 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди со наградата „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес. Во една година можат да се доделат најмногу пет награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
