Државната матура без проблеми во двете гиманзии и трите стручни училишта во Куманово

Во двете гиманзии и во трите стручни училишта во Куманово, денеска во 10 часот почна полагањето мајчин јазик како задолжителен предмет од државната матура.
Во Гимназијата „Гоце Делчев“ државна матура полагаат 247 ученици, во гимназијата „Сами Фрашери“ полагаат 269 ученици, во eкономското „Перо Наков“ 165 на македонски и 132 на албански јазик, во земјоделското „Киро Бурназ“ 10 ученици на македонски и седум на албански, во техничкото „Наце Буѓони“ полагаат 135 ученици од македонските паралелки и 204 од албанските.
- Кај нас повеќето ученици одат на завршен испит, и затоа имаме само 10 ученици кои денеска ќе полагаат државна матура, останатите 110 полагаат завршен испит на македонски и седумина на албански јазик. Се тече во најдобар ред, нема никакви проблеми, изјави Весна Трајковска, директорка на „Киро Бурназ“.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
