Македонија
19. September 2015 - 8:59

Државен натпревар на екипи по прва помош

Под мотото „Првата помош во услови на мигрантска криза“ денеска во Крива Паланка ќе се одржи 24. Државен натпревар на екипите по прва помош.

Вкупно 25 екипи кои ќе ги претставуваат општинските организации на Црвениот крст ќе се натпреваруваат во укажување на прва помош при различни видови на повреди.

Целта на натпреварот е да се промовира првата помош пред се кај младата популација, но и кај јавноста.