Државата нема да дозволи влез на мигранти, транзитот повеќе не е опција

Прогласена е кризна состојба и зголемени се силите и на Армијата и на полицијата на јужната граница. Државата нема да дозволи влез на мигранти, бидејќи тоа е политика и на сите држави во целиот овој регион, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.
Прашан дали Владата има план во врска со мигрантите по изјавата на српскиот претседател за херметичко затворање на границата, Спасовски рече дека е очигледно оти транзитот повеќе не е опција.
– Знаете дека имаме веќе прогласено кризна состојба, дека се зголемени силите и на Армијата и на полицијата на јужната граница. На основа на сите информации коишто ги добиваме од нашите служби, од партнерските служби се следи ситуацијата. Сега засега е стабилно немаме никакво зголемување на мигранти коишто би можеле да се обидат да влезат на територијата на Република Северна Македонија, меѓутоа, ставот е дека ќе имаме нулта толеранција, изјави Спасовски.
Тој потсети дека досега државата имала политика во која што мигрантите само транзитираа низ нашата територија и дека имаме само два транзитни центри, како и дека државата својата политика во однос на мигрантската криза ја градела на две основи.
– Едната основа е европската политика во делот на справување со мигранти и втората, регионалната соработка, односно политика која што е заедничка на државите во регионот. Бидејќи нема справување со каков било мигрантски бран ако сите заедно не носиме заеднички ставови, одлуки и не соработуваме меѓу себе, изјави Спасовски.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
