Друштвото на Македонците „Илинден“ бара измена на законот за територијална поделба на Албанија
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и неговиот огранок за областа Голо Брдо, упати барање до Владата на Република Албанија и Министертвото за локална самоуправа за измена на Законот за територијална поделба.
Тие бараат формирање две општини, Голо Брдо и Гора, бидејќи последната територијлна поделба, за Македонците и другите жители од овие две области се покажала како несоодветна.
Во писмото се наведува дека по две години од донесувањето на Законот за нова територијална поделба на Албанија, се потврдија нивните сугестии дека новата поделба не е функционална и не е во интерес на граѓаните од двете области.За се смета и одлуката на Уставниот суд,кој не го прифати приговорот на Македонците. Спојувањето на општините не ги подобри условите на Македонците и другите жители во областите Голо Брдо и Гора, туку го отежна животот на жителите. Се наведува во писмото.
Колку за илустрација за еден извод од матична книга на родени треба да се патува најмалку два часа, како и за други секојдневни потреби.
Поради тоа, во име на Македонците од двете области се бара да се извршат измени на законот и да форимираат посебни две општини и тоа општина Голо Брдо и општина Гора.
Инаку, Со новата територијална поделба се укинаа поранешните општини во споменатите области и областа Гора се припоиа административно кон Кукс,додека општините од Голо Брдо дел кон Булќиза дел кон Либражд.
-
Симон Лешков
Сите содржини од овој новинар