Дронови ќе доставуваат тестови за коронавирус и медицински материјали во Велика Британија

Компаниите за беспилотни воздушни возила велат дека дроновите може да се користат за испорака на медицински и комерцијални материјали, како и тестови за коронавирус во Велика Британија, што ќе помогне да се намали ширењето на вирусот како резултат на човечки контакт.
Британскиот државен секретар за транспорт, Грант Шапс, претхдоно изјави дека дроновите ќе се користат за достава на медицински материјали од Хемпшир до островот Вајт, бидејќи бројот на фериботи е намален поради ширењето на коронавирусот.
Според планот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), беспилотните летала може да летаат во специјални зони ако операторите ги исполнуваат стандардите за безбедност.
Еден „воздушен коридор“ е веќе одобрен од властите, дозволувајќи им на дроновите десетминутни летови четири пати на ден со медицински материјали за вработените во болницата „Сент Мери“.
Во нормална ситуација, дроновите имаат забрана да летаат надвор од видеокругот на нивниот оператор, но АЦВ планира да ги релаксира ограничувањата.
Вчера Велика Британија регистрираше 288 нови смртни случаи од Ковид-19, што претставува најнизок дневен број од крајот на март и со што вкупниот број на смртни случаи достигна 28.734. Бројот на заразени во земјата надмина 190.000.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
