Живот
29. July 2018 - 21:10

Древни Ромео и Јулија: Скелет на љубовна двојка пронајдена во гробница стара 5.000 години, археолозите трагаат по одговори

Гроб стар 5.000 години е пронајден на подрачјето на Караганда во казахстан, а во него се погребани праисториски „Ромео и Јулија“.

Во непосредна близина на древната љубовна двојка, погребани се и два коњи, кои, како што се верува најверојатно биле жртвувани, рекоа археолозите.

Покрај посмртните останки на мажот се наоѓа метален нож и врв од стрела, а веднаш покрај него во иста положба е пронајден и скелет на жена погребана со накит, вклучувајќи и зелена алка украсена со полускапоцени камења.

Археологот Игор кукушкин рече дека постојат нејаснотии во врска со односто, но и смртта на погребаната двојка.

Како што рече, такви заеднички погребувања се реткост во тоа подрачје, но прашање е како другото се придружило.

Се поставува прашањето дали тоа биле маж и жена, или е одлучено да станат љубовници по смртта бидејќи во краток период починале, рекол археологот.

Досегашните истражувања покажале дека нема траги од насилна смрт, но е утврдено дека коњите биле убиени.