-->
-->
Драстична промена на временските прилики, вонредна прогноза на УХМР
-->

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 30 Гевгелија, 28 Виница, Штип, Струмица, 26 Скопје, Прилеп, Битола, 25 Тополчани, Крива Паланка, Ѓуриште, 24 Берово, Тетово, Претор, 23 Охрид, 21 Маврово, 18 Лазарополе.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот: 0.3 Тетово.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Претпладнето времето беше сончево и топло, во западните делови со мала до умерена локална облачност. Попладне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, во западните делови настапи зголемување на облачноста и преовладуваше променливо на повеќе места нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Овие процеси повеќе беа застатени во планинските предели и тоа Шарпланинскиот масив, Полошката котлина, Кичевскиот регион, Македонски брод, Солунска Глава.
Во Скопската котлина имаше зголемување на облачноста проследена со грмежи и умерен северозападен ветер.Нестабилноста се движеше од југозапад према североисток. Во моментов се уште е нестабилно јужно од Скопската котлина, во планинските делови каде има пороен дожд и грмежи.Така можно е во јужните делови на скопската котлина да има краткотраен пороен дожд, грмежи и зсилен ветер.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: До крајот на денот како и во вечерните часови во западните делови од земјава ќе се задржи променливо и нестабилно со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во планинските предели. Во останатите делови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и посвежо со умерена облачност и со слаб ветер од западен и југозападен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Претпладне сончево со умерена облачност, попладне променливо на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во североисточните и источните делови. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој на западот од земјата ќе се засилува. Т-мин. од 6 до 12 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 19 до 27 степени.
Скопје: Претпладне сончево со умерена облачност, попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите од 11 до 25 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Утре и во недела нестабилно ќе биде на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
