„Драматичната 1991 година“ - нова книга од Стојан Андов
Во Кинотеката на Македонија вечер од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Драматичната 1991 година“, студии и сеќавања на Стојан Андов, прв претседател на Собранието на независна Република Македонија.
Книгата е во издание на „Матица македонска“ и со неа ќе биде одбележана 80-годишнината од раѓањето на познатиот политичар, публицист и писател.
За новото дело и за богатиот творечки опус на авторот ќе говорат: Раде Силјан, Јордан Плевнеш и Блаже Миневски, а извадоци од книгата ќе читаат актерите Мето Јовановски и Роберт Вељановски.
Стојан Андов (1935, Кавадарци) е автор на книгите: „На мој начин“, „Источни патувања“, „Од мој агол“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Приказната на Марија“ и „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“.
Ново на Сител
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ
-
СДСМ: Власта да им ги зголеми платите на административците
-
Нови авио линии
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија
-
Македонски навивачи држени четири и пол часа на хрватска граница, се барале знамиња со сонцето од Кутлеш
-
Бугарија доби нова влада – Росен Жељазков избран за премиер