-->
-->
Драма во Венецуела, нападнато возилото на Гуаидо: Погледнете како налетале на лимузината на самопрогласениот претседател додека излегувал од собранието
-->

Телевизијата "VPI TV" објавила снимка на која се гледа како автомобилот на Гуаидо вози по улицата. На семафорот кон него оди човек кој се обидува да ја отвори вратата и ја удира со нога. Автомобилот повторно трга, а луѓето кои се собрале на улица почнуваат кон него да фрлаат разни предмети.
"Кога Гуаидо излезе од Народното собрание, вооружени групи го удирале и нападнале со тешки предмети автомобилот со кој се возел", соопштила телевизијата.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, го изразил своето незадоволство поради овој инцидент.
"Овие акции на заплашувањето нема да го одложат неизбежното - мирна обнова на демократијата, стабилност и просперитет на народот на Венецуела", рекол тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Охриѓани се хумани, помагаат на сограѓаните во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија