Драма во Велес: Со соседите цела ноќ се бореле со огнот, спречиле катастрофа
Силен пожар доцна синоќа избувнал во домот на едно семејство во велешкото маало Којник, на улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 29 . Куќата на брачниот пар А.М. и И.М. се запалила, при што изгорела кровната конструкција, а огнот со кој се бореле и соседите и пожарникарите, зафатил и две соседни куќи.
Само еден од шестмината членови од семејството бил во куќата во моментот, но соседите му помогнале навреме да го напушти домот.
Според соседите среќа во целата трагична ситуација е тоа што немало силен ветар, со оглед на тоа дека се работи за густо наслен дел од градот.
10 пожарникари заедно со соседите интервенирале и по неколку часа пожарот беше локализиран.
-Два ипол часа десет пожарникари се бореа со пламените јазици со тоа што помогнаа и соседите ладејчи ги соседните куќи за да не дозволат од искрите да дојде до запалување на соседните куќи. Жртви нема , причинета е само материјална штета , а пожарот почнал од бањата од машината за перење и бојлерот, изјави Љупчо Лепидовски – Комадир на ТППЕ Велес.
Специфичната конфигурација на градот и овој пат ја отежна работата на пожарникарите, кои со навремена интервенција успејаа да спречат поголема катастрофа.
Ново на Сител
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец
-
Нема пензионерски домови
-
Агелер: Заедно ќе го чекаме победникот
-
Преглед на вестите од светот
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата