Драма во струмичко: Брутално убиена старица, синот сам го нашол убиецот и настрадал од него

Вчера утро во периодот од 08.00 до 09.30 часот во с.Барбарово, струмичко, на патот во близина на училиштето, непознат сторител извршил убиство над З.А. (73) од истото село, нанесувајќи и повреди со тврд предмет во пределот на главата.
Телото на З.А. го пронашла нејзината внука, која го известила својот татко – Т.А. (син на З.А.). Истиот, кога видел дека мајка му е мртва, се посомневал дека е убиена од соселанецот А. А. (65).
Веднаш отишол во неговиот дом, земал стап и влегол во просторијата во која бил А.А., и започнале расправија која преминала во тепачка. Во тепачката Т.А. со стапот му нанел повеќе повреди на А.А. во пределот на телото и главата, а А.А. со нож му нанел три убодни рани на Т.А.
По добиената пријава за случувањето, на местото на настанот излегле и увид ивршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.
Во домот и помошните простории на А.А. бил извршен претрес при што се пронајдени дрво со кое истиот го извршил кривичното дело, како и два мали ножа на преклоп со кои е повреден Т.А., кои се подигнати за и дадени за вештачење.
А.А. е лишен од слобода и е задржан во ПС Струмица. По целосно документирање на настанот против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Ново на Сител
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
