Драма во Солун: Киднапирале мигранти па барале пари за да ги ослободат

Грчката полиција уапси тројца државјани на Пакистан, кои се обвинети дека во еден магацин во предрадие на Солун како заложници држале 21 илегален мигрант, од кои барале пари за нивно солободување.
Пронајдените мигранти - 13 Еритрејци, седуммина Пакистанци и еден Мјанмарец, во Грција пристигнале илегално во средата од Турција, по што биле пречекани од криумчарите, кои ги однеле во магацинот во Солун, каде ги задржале како заложници.
Според полицијата, уапсените за ослободување од секој мигрант барале да им плати по 2.500 евра.
Полицијата трага по уште едно лице поврзано со тројцата уапсени, кое пред полицската акција со автомобил заедно со уште петмина мигранти од Палистан се упатило од Солун кон Атина.
Кога полициска патрола го забележала возилото, возачот го оставил на автопатот и побегнал во непознат правец. Полицијата во автомобилот ги пронашла само петмината Пакистанци.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
