Драма во паланечко село: На старци им влегле дома и ги претепале и ограбиле

Вчера рано утрото околу 04,30 часот било пријавено дека во с.Конопница-Крива Паланка, во куќа сопственост на С.А.(77), две непознати лица насилно ја отвориле влезната врата и влегле во собата во која спиела неговата сопруга Д.А. (84), по што едно од лицата физички ја нападнало удирајќи ја со раце и тврд предмет во пределот на главата и телото воедно барајќи и пари.
Во еден момент Д.А. успеала да се отргне и да влезе во друга соба каде се обидела да ја заклучи вратата, но едно од лицата успеало да влезе внатре и продолжило да ја удира.
Потоа лицата излегле во просторијата-светларник каде го искршиле стаклото од влезната врата и заминале во непознат правец.
Од страна на лицата не било извршено пребарување по собите, но според оштетената и недостасувала една златна пара која ја носела на вратот врзана со црна врвка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
