Драма во Куманово - Му го пресекол патот па му извадил пиштол

Вчера околу 19:45 часот во село Лопате, Кумановско поради претходна расправија браќата Ф.А.(33),Ф.А.(30) и уште едно засега непознато лице со патничко моторно возило „Фолксваген-Венто“ со кумановски регистерски ознаки му го попречиле патот на патничко моторно возило „Фолксваген-Шаран“ со австриски национални ознаки во кое се наоѓале В.З.(18), неговиот брат Ф.З.(18) и Р.А.(20). Осомничените излегле од возилото и Ф.А.(33) со рачката од пиштол почнал да удира на страничното стакло на возачката врата од другото возило, по што В.З. го стартувал и тргнал, но удрил во заштитна ограда и застанал. Лицата веднаш биле физички нападнати, а Р.А. бил удрен и со тврд предмет во пределот на главата. Со телесни повреди се здобил и Ф.З. и биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово за укажување на лекарска помош. Од страна на СВР-Куманово излезено е на местото на настанот и извршен е увид. По трите осомничени лица се трага и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
