Македонија
20. December 2017 - 17:09

Драма во казино во Скопје - со боксови и клоци брутално претепани две вработени

Вчера во 16:30 часот во казино на улицата  „Филип Втори Македонски“ 30-годишната С.В. и 33-годишната М.Р. , двете од Скопје, вработени во казиното, пријавиле дека истиот ден во 15:45 часот физички биле нападнати од непознато лице.

Напаѓачот почнал да ја удира С.В. со боксови по главата, по што М.Р. дотрчала да и помогне.

Во тој момент напаѓачот со нога ја удрил и М.Р. во стомакот и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.