-->
-->
Драма во Израел: Тешко оштетен авион полн со патници се обидува да слета на аеродромот, сите служби се подготвени за интервенција
-->

На израелскиот аеродром Бен Гурион е прогласена состојба на највисока готовност додека се чека слетување на авион со тешко оштетен труп - му недостига тркало.
Во „боингот 737“ се наоѓаат 152 патници. На аеродромот се наоѓаат неколку стотици возила на Итната помош, пожарникари, полиција и сите останати служби. Сите се подготвени да интервенираат.
Оштетениот авион кружи низ израелскиот воздушен простор за да изгуби што е можно повеќе гориво за да биде полесен при слетувањето.
Кон авионот тргнаа и израелски борбени авион. Дошле до него за да му јават дека на авионот му е оштетено левото задно тркало. Овој модел на Боинг, 737-400 има две гуми од секога страна и уште две под носот на авионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
-

Тема на денот со Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
-

ЕУ разгледува можност за постепено интегрирање, Муцунски бара да нема билатеризација
-

Опозицијата обвини за блокади - Власта за предавство
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
