Македонија
14. May 2017 - 13:32

Драма во Гостивар: Тригодишно девојче се бори за живот, паднало од поткровје врз бетонски плочки

Вчера во 16,10 часот во полициската станица Гостивар, од Медицинскиот центар - Гостивар, пријавено било дека кај нив било донесено тригодишно девојче од Гостивар со повреди на главата и телото, кои ги здобила при пад од поткровјето на куќата, односно додека си играла го отворила прозорот и паднала на бетонските плочки во дворот. 
 
Поради сериозноста на повредите девојчето било префрлено во УЦ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Гостивар.