-->
-->
Драма во Гостивар: Сакале да го приведат, па ги истепал полицајците
-->
На 27.06.2018 година во 12:50 часот во Гостивар на улицата „Мара Угриноска“ Д.К. (33) од Гостивар при обид да биде приведен од страна на двајца полициски службеници, почнал да дава активен отпор.
Со тупаница го удрил едниот полициски службеник во пределот на носот, нанесувајќи му фрактура со крварење, а со повреда во пределот на десната потколеница и десната дланка се здобил и другиот полициски службеник.
По кратко време Д.К. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
