Македонија
20. July 2022 - 17:07

Драма во Ѓорче Петров: Прво неа ја истепале, па по 10 минути таа истепала друга жена

На 19.07.2022 во 22.30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(52) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, била физички нападната од З.С.(46) од Скопје. Исто така, во 22.40 часот Н.С.(24) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од Ј.М.(52) од Скопје, стои во соопштение од МВР.

По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.