Живот
13. March 2019 - 22:57

Драма во автобус во Кина: Возачот доживеа инфаркт, а автобусот продолжи неконтролирано да се движи, паника и страв меѓу патниците

Возач на автобус доживеал инфаркт во текот на возење и паднал на седиштето, а возилото продолжило неконтролирано да се движи.

Меѓутоа кога возачот се онесвестил притрчале тројца патници и панично се обидувале да го запрат полудениот автобус. Додека двајцата патници го грабнале воланот и се обидувале да управуваат со автобусот, третиот му пружил прва помош на возачот.

Овој ужасен инцидент се случил во Кина, а на возачот по 17 часа возење и при брзина од 81 км/час, во автобус со 30 патници, му откажало срцето. Возачот Ли доживеал срцев удар, а еден од патниците кои извеле херојски подвиг, Кси Шангпан (45), ја опиша драмата која се одвивала во автобусот:

„Автобусот почна накриво да вози, и да оди цик-цак како змија. Немав време да ги облечам чевлите и се стрчав долу да видам што се случува и тогаш го видов онесвестениот возач“, се присетува Кси.

Патниците успеале да го запрат автобусот покрај патот, а итната помош брзо стигнала и го префрлила возачот во болница каде состојбата му се стабилизирала.