-->
-->
Драма во автобус на ЈСП: Возач на 9-ка нападнат со секира
-->
Вчера во 16.30 часот во Скопје на ул. „Св.Кирил и Методиј“, А.С. (40) од Скопје започнал расправија со возачот на автобус со возен број 9, Е.А. (32) од Скопје.
Поради недоразбирање во сообраќајот А.С. излегол од своето патничко моторно возило „Ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, и со секира удрил во страничното стакло од автобусот и се обидел преку искршеното стаклото да го нападне возачот.
Потоа влегол внатре во автобусот, со намера да го нападне возачот, но од страна на патниците кои биле во автобусот бил спречен во намерата.
Од страна на АЛФА тим А.С. е приведен во ПС Центар. СВР Скопје превзема мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор