Македонија
4. јуни 2022 - 16:05

Драма пред обложувалница во Прилеп: Замавнувал со секира кон него и му го оштетил возилото

Прилепчанец пријавил дека сограѓанин со секира замавнувал кон него и му го оштетил возилото.

- На 03.06.2022 во 19.40 часот Л.М.(23) од Прилеп пријавил дека во Прилеп пред обложувалница М.Ѓ. физички го нападнал и со секира замавнувал кон него и му го оштетил возилото, стои во соопштението од МВР. 

Се работи на расчистување на случајот.