Македонија
8. November 2016 - 13:51

Драма: Битолчанка побарала помош од соседот, тој полово ја нападнал

Триесет и три годишната Б.Е. од Битола вчера утрината била полово нападната од соседот Б.Н. откако од него побара помош околу водоинсталација.
 
Од полицијата информираат дека жената отишла до куќата на соседот, а откако влегла кај него дома тој почнал да ја прегрнува, бакнува и допира по интимните делови.
 
Б.Е. се спротивставила и го оттурнала, по што соседот насилно продолжил да ја допира кинејќи и ја долната облека.
 
По пријавата полицијата извршила увид на местото, а против сторителот е најавено поднесување на кривична пријава.