-->
-->
Драган Ѓилас најверојатно опозициски кандидат за градоначалник на Белград
-->
Поранешниот градоначалник на Белград, Драган Ѓилас најверојатно ќе биде кандидат за градоначалник на главниот град од здружената опозиција на претстојните избори.
Ѓилас, според српски медиуми, постигнал договор со Саша Јанковиќ, лидерот на Движењето за слободни граѓани, а речиси сигурно ќе го поддржи и Вук Јеремиќ.
Со Демократската партија, како што пишуваат медиумите, допрва следат сериозни разговори.
Ѓилас планира во големата опозициска коалиција за изборите во Белград да ги вклучи и партиите на таканаречениот партиски блок и речиси извесно е дека во таа приказна ќе се вклучи и партијата Двери.
Меѓутоа, од Двери се уште нема потврда за тоа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство