-->
-->
Драчево без вода, без струја дел од Кисела Вода, Центар, Карпош и Побожје
-->
Од 09:30 часот утрово без вода ќе бидат корисниците од село Драчево поради изведување водоводен приклучок ф 100 мм на улицата „Речиште“ бб, информира РЦУК – Скопје. Прекинот ќе трае до завршување на зафатот.
Според РЦУК – Скопје, во текот на денот ќе има и прекини на струја. Од 09:00 до 15:00 часот електрична енергија нема да имаат корисниците на дел од улицата „Саса“ 2 и дел од улицата „Саса“ 4 во општина Кисела Вода, како и дел од корисниците во село Побожје, општина Чучер Сандево.
Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од улиците „Народен Фронт“ и „Васил Говров“ во општина Центар, додека од 10:00 до 13:00 часот ОУ „Петар Поп Арсов“ во општина Карпош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност