ДПМ со песни за Илинден

Претстојниот национален празник Илинден, Друштвото на писателите на Македонија го одбележува со песни од врвните македонски поети Блаже Конески, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Иван Чаповски и Михаил Ренџов.
Песните „Девственици“ од Блаже Конески, „4 мај 1903“ од Гане Тодоровски, „Гоце Делчев“ и „Мечкин Камен“ од Анте Поповски, „Ко да беше лани„ и „1903“ од Петре М. Андреевски, поемата „Гоце“ од Радован Павловски, „Песна за стариот комита“ од Иван Чаповски и „Август 1903“ од Михаил Ренџов, ДПМ на својата веб-страница www.dpm-pisateli.mk ги испраќа како порака за духовниот и длабоко мотивиран однос на писателите кон вековното опстојување на својот народ.
Друштвото на писателите потсетува дека на илинденската тема, покрај поетски, напишани се и голем број прозни и драмски остварувања, а објавени се и панорамски и антологиски избори кои имаат свое место во ризницата на трајни вредности, пред се со своите естетски особености.
Темата Илинден, како што наведува ДПМ, е предмет и на низа книжевно-историски и научни анализи и толкувања во кои се утврдува и посебен, Илинденски период, во развојните процеси на македонската литература.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
