ДПИ: Четири угостителски објекти не ги почитувале здравствени протоколи и пропишаното работно време
Во текот на вчерашниот ден (09.10.2020) од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државата се извршени вкупно 524 контроли и 26 надзори во угостителски објекти.
Контролите се вршени по основ на придржување на објектите на пропишаните здравствени протоколи и пропишаното работно време. При тоа, утврдени се неправилности во 4 угостителски објекти, коишто ги прекршиле протоколите. Поточно, во 3 објекта во Скопје и во 1 објект во Битола, за што ДПИ ќе поднесе кривични пријави. Истотака, затекнати се два нерегистрирани објекти во Битола и Дебар, и еден објект во Скопје кој не го почитувал пропишаното работно време за што ќе се спроведе прекршочна постапка. Воедно изречени се две мерки за прекршок според Законот за угостителство на два угостителски објекти во Дебар и Скопје.
Поединечно по градови, во Скопје се извршени 7 надзори, 230 контроли, при што ДПИ изрече три кривични пријави, една прекршочна пријава и една мерка едукација (прекршок по Закон за угостителска дејност). Во Битола ДПИ спроведе 2 надзори, 15 контроли, и изречени се една кривична пријава, и затекнат еден нерегистриран објект. Во Дебар, се извршени 7 надзори, затекнат е еден нерегистиран објект и изречена е една мерка за прекршок по Закон за угостителство.
Останатите надзори и контроли се спроведени во Прилеп, Делчево Кочани, Свети Николе, Струмица, Гевгелија, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Куманово, при што од страна на ДПИ не се констатирани прекршувања на протоколите.
Со оглед на тоа дека од денеска заклучно со понеделник (12.10.2020) трае викендот без ДДВ, инспекциските служби на ДПИ во текот на денешниот ден и следните денови се постојано на терен и спроведуваат интензивни контроли, не само во делот на почитување на здравствените КОВИД протоколи , туку и во делот на тоа дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците, соодветствуваат со истакнатите цени на производите, со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
