Дознаките на албанските иселеници за девет месеци 1,05 милијарди евра
Податоците на Централна банка на Албанија покажуваат дека растот на дознаките на иселениците, кои минатата година достигна највисоко ниво, продолжил во текот на ова календарска година.
Според банката, во периодот јануари-септември годинава дознаките на иселениците достигнале 1,05 милијарди евра, што претставува зголемување од 16,3, отсто споредено со истиот период минатата година.
-Во текот на 2022 година, што го потврдува и Евростат, тие достигнале 1,2 милијарди евра, што е зголемување од 5,8 отсто во споредба со претходната година и претставува највисоко ниво во последната деценија. Тие сочинуваат 10 отсто од бруто домашниот производ (БДП) а што се однесува до земјите од каде доаѓаат Италија е главниот извор, потоа следат Велика Британија и Германија, па Грција и Соединетите американски држави, наведуваат медиумите.
Растот на дознаките доби поттик од иселувањето во последната деценија, со што дознаките од странство станаа важен извор на приходи за албанските семејства и значајна ставка во платниот биланс на земјата.
- Од 1992 година кога почнаа првите имигрантски текови, до крајот на 2022 година во албанската економија влегле 30 милијарди евра. Обезбедиле приходи од 13 до 20 отсто од семејниот буџет. Значи, секое 5 семејство во земјава живее со помош на роднини во емиграција, оценуваат медиумите.
Во неодамнешна студија спроведена од Светска банка и Централна банка на Албанија за периодот 2013-2018 година, произлегува дека едно семејство во просек добивало по 2.000 евра секоја година.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија