Дознајте зошто сладоледот е одличен за заштита на здравјето
Верувале или не, омилениот летен десерт, сладоледот, во кој сите ние сакаме да уживаме во топлите летни денови, е корисен за здравјето.
- Сладоледот е богат со калциум. Бидејќи основните состојки за правење сладолед се млеко и слатко овошје, овој десерт е одличен извор на калциум, но и витамин А и Б. Возрасните луѓе имаат високи дневни потреби за калциум, околу 1.000 милиграми дневно, а на бремените жени и деца им е потребно и повеќе.
- Сладоледот помага во одржување на телесната тежина. Заради количината на шеќер и млечни масти се смета дека сладоледот дебели иако некои истражувања го покажуваат спротивното. Калциумот ја намалува калориската вредност на сладоледот па така таа изнесува меѓу 125 и 300 калории на 100 грама производ, велат нутриционистите.
- Сладоледот содри голема количина на витамини и антиоксиданси. .Сладоледот кој се прави од свежо или замрзнато овошје е одличен извор на витамини, додека сладоледот кој се прави од зрна кафе и какао е одличен извор на полифенол, антиоксиданси кои го чува срцето и крвните садови.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни