Македонија
13. January 2021 - 12:27

Дождовите во Пелагонија поволни за земјоделците

Од почетокот на новата година до сега во Пелагонија има наврнато 100 литри дожд на метар квадратен. По долгиот сушен период, дождот што наврна деновиве во Пелагонија е добредојден за земјоделците, велат од Агенцијата за развој и поттик на земјоделието.

-Тоа значи дека се надополнуваат резервите кои што евидентно во измзинатиот сушен период беа испразнети. За земјоделството овој период е доста поволен, тоа значи дека ќе се надополнат сите резерви особено ова се однесува на житните култури кои што веќе се во пораст, меѓутоа исто така значи надополнување на резервите на вода за се она што значи дополнително пролетна сеидба“, рече Зоран Бардаковски, раководител на АПРЗ Битола. 

Последните врнежи од дожд поплавија поголем дел од обработливите површини во Пелагонија.

-Земјоделските производители веќе знаат дека се заоруваат бразди за да може водата да истече, рече Бардаковски.

-Житните култури издржуваа ниски температури, доколку има снежна покривка дополнително ќе создаде заштита на самата житна култура која е проникната. Житните култури издржуваат на минус 10 степени, така што не се очекуваат никакви проблеми, вели Бардаковски.