Дождот ја замати водата за пиење од „Лукар”, задолжително превривање
Обилните дождови во последните неколку дена ја заматија водата за пиење од регионалниот водовод „Лукар” од кој вода добиваат општините Кавадарци, Неготино и Росоман. Раководителот на Центарот за јавно здравје Кавадарци, доктор Трајче Ризов, денеска упати апел до населението од трите општини, задолжително да ја превриваат водата пред да ја употребат за пиење.
- Поради заматеноста, во текот на вчерашниот ден имавме зголемено дозирање со хлор на водата во хлоринаторската станица. Се со цел да се постигне дезинфекција на водата, денеска го ставивме во функција и вториот дозатор на хлор. Поради стабилизација на временската состојба во текот на денешниот ден и соодветното дозирање со хлор, очекуваме состојбата во најскоро време да дојде во нормала. Дотогаш, водата задолжително да се преврива пред пиење, нагласи доктор Ризов, специјалист по хигиена.
Екипа на Центарот за јавно здравје и денеска излегла на терен и зела мостри од водата за пиење, а за резултатите жителите од Тиквешко дополнително ќе бидат известени.
Ново на Сител
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам
-
Преглед на вестите од светот