Дождот ја замати водата за пиење од „Лукар”, задолжително превривање
Обилните дождови во последните неколку дена ја заматија водата за пиење од регионалниот водовод „Лукар” од кој вода добиваат општините Кавадарци, Неготино и Росоман. Раководителот на Центарот за јавно здравје Кавадарци, доктор Трајче Ризов, денеска упати апел до населението од трите општини, задолжително да ја превриваат водата пред да ја употребат за пиење.
- Поради заматеноста, во текот на вчерашниот ден имавме зголемено дозирање со хлор на водата во хлоринаторската станица. Се со цел да се постигне дезинфекција на водата, денеска го ставивме во функција и вториот дозатор на хлор. Поради стабилизација на временската состојба во текот на денешниот ден и соодветното дозирање со хлор, очекуваме состојбата во најскоро време да дојде во нормала. Дотогаш, водата задолжително да се преврива пред пиење, нагласи доктор Ризов, специјалист по хигиена.
Екипа на Центарот за јавно здравје и денеска излегла на терен и зела мостри од водата за пиење, а за резултатите жителите од Тиквешко дополнително ќе бидат известени.
Ново на Сител
-
Собранието усвои десет предлог-закони со кои се доуредуваат надлежностите на Министерството за енергетика
-
Ацевски: И по 28 години немаме железничка пруга, а прашање е и колку изгубивме за 10 години додека се гради автопатот Кичево - Охрид
-
ЦУК: Владата и одобри на ДЗС да ангажира двајца пензионирани пилоти на Ер трактори
-
СДСМ: Пола милијарда кредит во четири очи, дали е ова цената на чувањето на Груевски на безбедно?
-
Собраниската Комисија за економски прашања поддржа десет предлог-закони со кои се доуредуваат надлежностите на Министерството за енергетика
-
Израел испраќа делегација во Каиро за понатамошни мировни преговори
-
Завршна декларација од Самитот на НАТО во Вашингтон: Непоколеблива посветеност на колективната одбрана
-
РЗС: Просечната возраст на населението во Србија е 43,9 години