Дождот го изгасна и пожарот во Националниот парк "Преспа" во Пустец
По 12 дена изгаснат е пожарот во Националниот парк "Преспа" општина Пустец, Мала Преспа, објави на Фејсбук Нертил Јоле, префект на округот Корча, каде територијално припаѓа и општина Пустец.
- Панорама од нашата Преспа со прекрасна природа, по 12 дена пожари и борба со нив, што овозможи да се локализира пожарот. Во моментов ситуацијата е многу мирна, бидејќи во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта имаше врнежи од дожд и пад на температурата, напиша Јоле.
Наведува дека според прогнозата на Воената метеоролошка служба и утре ќе има врнежи од дожд па нема опасност од повторно разгорување.
- Сепак, следните денови од администрацијата на Регионалната агенција за заштитени подрачја како и од службата на општина Пустец, ќе има мониторинг на терен за обезбедување, стои во објавата.
Тој упатува апел до граѓаните да бидат внимателни за да "не се уништува и да се заштити природното богатство".
Во пожарот беа уништени над 300 хектари.
Ново на Сител
-
Руте: НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море
-
Педесет тони хуманитарна помош од ЕУ и СЗО се очекува да пристигнат во Сирија на 31 декември
-
Поради сообраќајка по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка
-
Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, вели Мицкоски
-
Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин
-
Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки
-
Во вторник одлука на Владата за средствата за бесплатниот превоз на студентите
-
Притвор од осум дена за двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола