Дождот добредојден за земјоделството, се препорачува примена на агротехнички и превентивни мерки
Да се применуваат соодветни агротехнички и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, но и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води, препорачуваат агрометеоролзите согласно најавите на УХМР дека под влијание на циклонска активност утре и за време на викендов ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Дождот, нагласуваат, е потребен, зашто влажноста на почвата по долгото сушно лето значително се намали.
-Во градинарството на почетокот на месецот се сади зелената салата, а кај останатите градинарски култури се берат плодовите. И кај лозарството има берба на некои касни сорти десертно грозје. Кај поледелските култури овој месец почнува сеидбата на пченицата и јачменот. Времето на сеидбата има големо значење, бидејќи директно влијае врз времето на поникнувањето, презимувањето на растенијата, но и врз приносот. Некои сорти се сеат порано, а некои подоцна. Температурните услови диктираат кога треба да се засеат сортите во одреден регион. Се препорачува да се применуваат правилни агротехнички мерки. Доколку временските услови дозволуваат, да се продолжи и со другите агротехнички мерки, велат агрометеоролзите од УХМР.
Тие потсетуваат дека, според прогнозата, собено во ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни, над 30 литри на метар квадратен, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 километри на час.
-На почетокот на неделата ќе биде стабилно со сончеви периоди. Дождот е потребен, влажноста на почвата по долгото сушно лето значително се намали, па врнежите ќе ја надоместат и ќе овозможат успешна есенска сеидба, истакнуваат агрометеоролзите.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања одговараше на прашања за неговиот живот, исчезнувањето на Вања и потрагата
-
Ватикан: Папата покажува постепено подобрување, намалена потреба за маска за кислород
-
Поевтинуваат горивата
-
39-годишен маж пронајден мртов во својот дом
-
Измамен за посредување работа во странство, жител на неготинско село оштетен за 77.461 денари
-
Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО
-
СДСМ: Пак нема лекови на Онкологија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пред Велигден ќе има терапија