Доставени резултатите од изборите до претседателот на Парламентот

Резултатите од изборите по пребројани 99,86 отсто од гласовите, распоредот на силите во Парламентот и пратениците што беа избрани по вчерашното гласање на Грците, службениот министер за внатрешни работи на Грција, Андонис Рупакиотис ги достави до претседателот на Парламентот, Никос Вуцис.
-Врз основа на овој резултат со пребројани 99,86 отсто од гласовите, цврсти и апсолутни се: прво, распоредот на силите на партиите. Второ, пратеничките места што ги добива секоја партија, што значи дека ништо не се менува. Единствено останува дека се уште се пребројуваат гласовите за кандидатите за пратеници и таму се менува редоследот. Ова ќе заврши утрово или во текот на денот, му објасни Рупакиотис на Вуцис.
Службениот МВР на Грција го извести Вуцис и за инцидентот во атинската населба Ексархија, каде што четири маскирани лица украдоа гласачка кутија. Рече дека ист случај имало и за време на изборите во 2012 година, објаснувајќи дека прегласување во конкретното гласачко место ќе има следната недела, но тоа нема да влијае ниту на распоредот на силите, ниту на изборот на пратеници.
Следен чекор е претседателот на Парламентот да го извести Претседателот на Грција за резултатите од изборите, по што Павлопулос ќе му го даде мандатот на лидерот на Нова демократија да формира влада.
Кирјакос Мицотакис, во 13 часот по локално време ќе положи свечена заклетва во претседателската палата.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
