Достапни бесплатни проекти за изградба на куќи
Бесплатни проекти за изградба на куќа од денеска можат да се подигнат од Министерството за транспорт и врски и од веб страницата www.mtc.gov.mk.
Со владината мерка се овозможува субвенционирање од 900 до 2.000 евра преку обезбедување бесплатен проект за изградба на објекти за домување. - Проект ќе добие секој кој е заинтерсиран и нема ограничување на локацијата за градење, информира денеска на прес-конференција ресорниот министер Владо Мисајловски.
Преку јавен конкурс Министерството за транспорт избрало идејни решенија со изработен проект за шест типа објекти со различна површина. - Се работи за готови изработени проекти за куќи во кои се вметнати сите фази во изградбата: статика, електрика, машинство и противпожарна заштита. Проектите се за изградба на индивидуални куќи со површина од 60, 80, 100, 120, 150 и 180 метри квадратни, рече Мисајловски.
Покрај намалување на трошоците за градење, посочи министерот, со оваа мерка ќе се намалат роковите за вадење одобрение за градење од причина што проектот е веќе познат на општината што го издава одобрението за градење.
- Тоа значи дека секој кој сака да гради куќа на пример од овој тип, ќе може од Министерството за транспорт да подигне готов проект и со него да поднесе одобрение за градење. Единствено инвеститорот ќе треба да изготви геодетски елаборат, појасни Мисајловски, истакнувајќи оти постои и можност да се направи корекција на основниот проект во зависност од сопствените желби и потреби на инвеститорот.
Според Мисајловски, со мерката за субвенционирање на проектите не сакаат да направат конкуренција на проектантските куќи, туку да им помогнеме граѓаните кои сакаат да заштедат во тек на градбата.
Прашан дали субвенционирањето ќе се однесува и за проектот „Купи куќа купи стан“ Мисајловски рече дека со овој проект може да се изгради куќа каде било. - Овозможуваме секој кој сака да гради куќа да му дадеме готов проект. Претходно, секој кој сакаше да прави куќа мора да побара од проектантска куќа да му направи проект, а ние бесплатно го даваме. Не правиме конкуренција на проектантските куќи, туку на оние што не можеле досега да направат или биле спречено тоа бесплатно им го овозможуваме, рече Мисајловски.
Ревизијата на проектите за куќите што ја побарало Министерството, како што информира, покажала дека се направени согласно сите градежни стандарди и параметри.
Од Министерството за транспорт планираат да се направат слични проекти затоа што имало интерес уште од најавата за субвенционирањето од страна на премиерот. - Многу луѓе се јавија во Министерството кои очекуваат да има и поголеми куќи, со различен габарит итн, така што сум убеден дека ќе го продолжиме проектот и во следните години, рече Мисајловски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари