„Досие“: Момчето избодено со нож на „Рекорд“ се бори за живот, полицијата не привела никого
„Вчера во автобус бр.57 беше прободено со нож моето внуче катили и несовесни неваспитани млади луѓе монструми, што им направи ова дете враќајќи се од училиште нека им служи на чест и ГОСПОД да ги казни“. Вака реагираше еден од членовите на блиското семејство на момчето кое вчера беше нападнато со нож кај Рекорд.
Според најновите информации, кои ги објави порталот Досие.мк, на момчето му биле извршени неколку хирушки интервенции и во моментот се наоѓа во животна опасност. Момчето било прободено три пати, а сите три убоди нанеле тешки повреди на внатрешните органи.
Еден од убодите предизвикал и тешка повреда на црниот дроб кај момчето. Во моментот се наоѓа на апарати за поддршка, и се чека да се разбуди, пренесува Досие.мк.
Момчето беше нападнато додека се возело во автобусот со број 57, кога неколку други момчиња од албанска националност му зариле нож во стомакот. Неофицијално, расправијата започнала поради мобилниот телефон, кој напаѓачите сакале да му го одземат.
Ново на Сител
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина