Досегашниот претседател на Мјанмар станува будистички монах
Доскорешниот претсеател на Мјанмар, Теин Сеин одлучи воената и политичката кариера да ја замени со вклучување меѓу бројните будистички монаси.
Веста ја потврди и мајнамраското Министерство за информации.
Теин Сеин ја соопштил одлуката да се замонаши во понеделникот, само четири дена по формалното напуштање на власта, која ја презедоа припадниците на Националната лига за демократија, предводени од нобеловката Аунг Сан Су Ќи.
Теин Сеин, генерал во мјанмарската армија, која со земјата управуваше над 50 години, за претседател беше назначен од страна на армискиот врв во 2011 година. Современиот Мјанмар ќе го памети како личност која пет години ја одржуваше и спроведуваше цврстата политика на воената управа, но и како личност која значително придонесе армијата да не се обиде да ги поништи резултатите од општите избори, одржани во ноември минатата година.
Ново на Сител
-
Бектеши и Трајковски на распит во Кочани
-
Почнува контрола на сите ноќни клубови
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Одредени мерки притвор за осомничените
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Градоначалникот на Кочани си даде оставка
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца