Досега превентивно евакуирани околу 19.000 лица на грчкиот остров Родос
Според првичните процени на полицијата, на грчкиот остров Родос поради големиот пожар, досега, превентивно биле евакуирани околу 19.000 лица, туристи и локално население, објави грчката новинска агенција АНА-МПА и коментира дека станува збор за најголемата акција за евакуација на жители и туристи што досега била спроведена во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Мнозинството од евакуираните, 16.000 лица по копнена пат со возила и автомобили биле пренесени на безбедни локации, а останатите 3.000 по морски пат, со чамци и бродови на крајбрежната служба, но и приватни и туристички.
Досега биле превентивно беа евакуирани 11 населени места, но и големи хотели.
АНА-МПА пишува дека според брзата помош и здравствениот центар на Родос, девет лица биле примени во болница со проблеми со дишењето и веднаш биле пуштени, а хоспитализирани се две лица, едно со скршеница по пад при евакуација на хотел и една 31-годишна бремена жена која е во добра здравствена состојба.
Паралелно, според истите информации на грчката новинска агенција, за подрачјата погодени од пожарот, тур-операторите издале наредба чартер- летовите да пристигнуваат празни за да се преземаат оние посетители кои сакаат да го напуштат островот.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место