-->
-->
Досега 205.623 ковид дијагностицирани
-->
Вкупно 7.217 активни случаи на КОВИД-19 има во државата, откако вчера беа регистрирани 601 нов случај на заболени. Поради зголемениот број новозаразени, во некои од државите во регионот веќе се најавени одредени рестрикции, а во Србија е пристигнат делта плус сојот, за кој се вели дека претставува многу позаразна форма на вирусот.
Согласно последниот извештај на Министерството за здравство, досега во земјата се направени 1.404.750 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623.
Оздравени се вкупно 190.570 пациенти, а починале 7.217 лица. Бројот на активни случаи изнесува 7.836.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 601 нов случај на КОВИД-19, од направени 4.501 тестирања. Оздравени се 304 пациенти, а починале 13 лица. Најмногу новозаболени повторно има во Скопје, каде вчера беа регистрирани нови 217 случаи. Потоа следува Битола со 68, Велес 34, а Кавадарци и Куманово по 31.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
