Дортмунд подготвува нов договор за Ковач
Раководството на Борусија Дортмунд сака да ја продолжи соработката со тренерот Нико Ковач и спортскиот директор Себастијан Кел и по завршувањето на сезоната.
Тоа го потврди и еден од челниците на клубот Ларс Рикен.
-Ова е нашата цел. Кога го продолживме договорот со Себастијан, ми беше важно да ја искористиме сезоната максимално и да продолжиме заедно во иднината. Таа цел не е променета, изјави тој, цитиран од германските медиуми.
Кел во јануари го продолжи договорот со Дортмунд до 2027 година, а Ковач во февруари го замени Нури Сахин на клупата и потпиша договор до 2026 година.
Кел се соочува со критики за неговиот тим оваа сезона, а Дортмунд моментално е осми на табелата и веројатно нема да се квалификува за Лигата на шампионите следната година.
Сепак, Ковач го одведе тимот до четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе ги одмери силите со Барселона. Во Бундеслигата тимот делумно ја стабилизираше формата под негово водство, но сепак покажува недоследност.
-Под водство на Нико го имаме најдобриот сооднос на дефанзивни интервенции во лигата. Создаваме повеќе шанси за гол и го намаливме бројот на примени голови, додаде Рикен.
Ново на Сител
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица