„Доротеј“ од Добрило Ненадиќ објавен на македонски јазик

Во издание на „Слово“ деновиве излезе од печат романот „Доротеј“ на Добрило Ненадиќ во превод на Димитар Башевски, дело кое се смета за едно од најзначајните во српската романескна книжевност.
Роман уште кога беше првпат објавен во 1977 година, беше пречекан со највисоки оценки, а потоа доживува повеќе изданија и е преведен и објавен на неколку јазици во светот.
Дејството на романот е сместено во раниот српски среден век и претставува историска фикција. Зборува за борбата за власт, за човечките мани и доблести, Низ сето тоа е исплетена една несекојдневна љубовна приказна на монахот Доротеј со жената на властелинот Лауш, која неминовно завршува трагично.
Според мотивите на овој роман, во 1981 година беше снимен филм во режија на Здравко Велимировиќ, во кој забележителни улоги имаа и македонските актери Мето Јовановски, Дарко Дамески и Данчо Чевревски.
Ново на Сител
-

Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
