Дополнителниот заменик-министер за внатрешни Андонов во посета на СВР Струмица
Екипите на СВР Струмица последните десетина дена заплениле осум килограми дрога, а имало и заплена на оружје, информира дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов при неговата посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица.
Целта на посетата, истакна Андонов, е да се запознае со безбедносната состојба на реонот што го покрива овој сектор.
Тој му забележа на новопоставениот началник на СВР Струмица што не се појавил на договорената посета.
- Жал ми е што не е тука началникот поставен од Оливер Спасовски. Веројатно ќе добијам објаснување каде е. Јас договорив средба со СВР Струмица што значи и тој треба да биде присутен тука, рече Андонов и додаде дека ваквите посети на секторите за внатрешни работи ќе се одвиваат во повеќе турнуси, најавувајќи нова посета за еден месец.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива