Македонија
13. April 2021 - 21:25

Дополнителни термини за вакцинирање на лица од 73 и 74 години во СЦ Борис Трајковски

 Министерството за здравство вечерва соопшти дека во салата „Борис Трајковски“ има дополнителни слободни термини за граѓани од 73 и 74 години.

Термините се отворени од вечерва и им се препорачува на граѓаните од оваа возрасна група кои изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, да се пријават кај својот матичен лекар за да им закаже термин за вакцинација.

Вакцинацијата за овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ „Борис Трајковски“.

За останатите граѓани, вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизација со приоритет врз основа на возраст.