-->
-->
Дополнителни термини за вакцинирање на лица од 73 и 74 години во СЦ Борис Трајковски
-->
Министерството за здравство вечерва соопшти дека во салата „Борис Трајковски“ има дополнителни слободни термини за граѓани од 73 и 74 години.
Термините се отворени од вечерва и им се препорачува на граѓаните од оваа возрасна група кои изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, да се пријават кај својот матичен лекар за да им закаже термин за вакцинација.
Вакцинацијата за овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ „Борис Трајковски“.
За останатите граѓани, вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизација со приоритет врз основа на возраст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација